Тужба против Трамп поради странските уплати во неговите компании

Група, во која членуваат поранешни правни застапници на Белата куќа за етички прашања денеска ќе поднесе тужба против новиот американски претседател Доналд Трамп поради тоа што им дозволил на неговите компании да прифаќаат уплати на странски влади, со што го прекршил американскиот Устав.
Во тужбата, која во Вашингтон ќе ја поднесе групата Граѓани за одговорност и етика, се наведува дека одредби од Уставот забрануваат уплати во компаниите на Трамп.
- Страната, која ја поднесува тужбата ќе побара од судот да му забрани на Трамп да прифаќа вакви уплати, изјави Дипак Гупта, еден од адвокатите, кои работат на тој случај.
Трамп има бизнис соработка со земји како што се Кина, Индија, Индонезија и Филипини, соопшти групата, која го тужи новиот претседател.
- Кога претседателот Трамп ќе седне да преговара за трговските спогодби со тие земји американскиот народ нема да може да знае дали тој ќе мисли на својот деловен профит, се вели во соопштението.
Меѓу правните застапници на страната, која ја поднесува тужбата ќе биде и Ричарс Пејнтер, поранешен адвокат за етички прашања во Белата куќа за време на републиканскиот претседател Џорџ В. Буш.
Ново на Сител
-

Македонското знаме се крена над Њујорк
-

Перница врз лицето и удари по главата: 28-годишна жена се обидела да ја убие бабата на сопругот
-

Две лица од Радовиш произведувале и продавале мраз со бактерии, запленети 850 килограми
-

13-годишник нападнат од родител на негов соученик во Аеродром, заврши во болница
-

Ужас во Тетово: 62-годишник силувал дете кое не наполнило 15 години
-

Македонија со три светски шампиони: Калин и Томи освоија злато, вкупно пет медали од СП во кикбокс
-

Во Њујорк одбележана 35-годишнината од независноста
-

Андоновски: Нов Центар за услуги за граѓаните на Кочани, се олеснува пристапот до услугите на институциите
