Тутунарите ќе ги решаваат проблемите преку нова средба со институциите и откупувачите
Продолжува откупот на тутунот, а продолжувa и битката на тутунарите за реално купување на родот и преземање на вишокот тутун. Oд Сојузот на земјоделските здруженија на Макеоднија и од Иницијативниот одбор на тутунарите најавуваат преговори и разговори во текот на наредната недела со владините институции и со откупувачите, што сметаaт, треба да го реши текот на откупната кампања зашто треба да се преземат најголемите количества тутун, преку 19.000 тони.
Според Менде Стоманроски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија ситуацијата на теренот е речиси непроменета, а просечната цена останата на 167 денари. Барањата се доставени до министерството за земјоделство, до инспекторатот, до премиерот.
– Идната недела треба да имаме состанок со министерот за земјоделство Хоџа, со премиерот. На теренот ситуацијата е речиси непроменета од пред празниците. Ние бараме да се купува според класите, а не според шифри што дел компании продолжуваат тоа да го прават, да се зголеми динамиката, иако минимално е зголемена, но не доволно, сѐ уште не се купува вишокот тутун, а треба, според ветувањето на Министерството, да се купат и преку 430 тони од компанијата „Далија табак“ која не почна откуп. Многу ќе зависи од најавената средба со министерството за земјоделство и со откупувачите, вели Стомнароски.
Игор Мирчески од Иницијативниот одбор на тутунарите вели дека битката за решавање на тутунарската мака останува докрај.
– Протестите се во мирување, многу зависи в среда од средбата во министерството за земјоделство која штотуку ни ја најавија. Но проблеми може да настанат кога ќе се откупуваат големите количества, зашто за преземање се речиси 20 000 тони тутун. Тогаш, кога врeмето ќе измине, ќе биде голема нервоза кај тутунарите, изјави Мирчески.
За откуп до крајот на февруари остануваат над 18 000 тони тутун. Досега се откупени преку 6.300 со просечна цена од 167 денари за килограм.
Ново на Сител
-
Кривична против кумановка која го терала своето дете да питачи
-
Малолетен пешак прегазен во Скопје
-
Утре и во петок обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување, на повисоките планини снег
-
Турската полиција приведе 97 студенти кои протестираа против исламски проповедник
-
Папата Лав Четиринаесетти е подготвен да посредува меѓу завојуваните земји во светот
-
АА: Со напуштање на Владата покажавме колку малку сме корумпирани
-
Нов протест за Фросина денеска во 17 часот пред Универзална сала
-
ЕУ го одобри 17-тиот пакет санкции против Русија