Туск: Во интерес на сите е што побрзо да почне „разводот“ со Велика Британија

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави денеска дека во интерес на сите е Велика Британија што побрзо да ги започне преговорите за излез од Европската унија.
- Топката е во дворот на Велика Британија и таа треба да ги започне преговорите. Во најдобар интерес на сите е со тоа да се почне што е можно побрзо. Наша цел е воспоставување најблиски врски меѓу ЕУ и Велика Британија, напиша Туск на Твитер.
Оваа изјава доаѓа непосредно пред првата средба со британската премиерка Тереза Меј во Лондон.
Неодамна Туск изјави дека Велика Британија нема да има преговори пред Лондон да го почне „процесот на развод“, наведувајќи дека сака да ги заштити интересите на преостанатите земји-членки на ЕУ.
Туск истакна дека лидерите на 27 земји-членки на Унијата, кои на 16 септември, без Британија, ќе се состанат во Словачка, мораат да се фокусираат на безбедносните прашања, во момент кога има и други проблеми, како што е мигрантската криза.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
