Туск: Европа може да победи во секоја конфронтација со Русија

Европа во целина е навистина способна да победи во која било воена, финансиска и економска конфронтација со Русија, бидејќи ние сме едноставно посилни, порача полскиот премиер Доналд Туск пред денешниот специјален Самит на ЕУ посветен на поддршката на Украина и одбраната на Европа.
. (AP Photo/Petr David Josek)
– Денешниот ден е денот кога се може да се промени и веројатно ќе се промени кога станува збор за определбата на Европа, кога станува збор за повторно вооружување и одбранбената индустрија и нашата подготвеност да се соочиме со овој руски глобален предизвик, рече Туск, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ.
Тој денешната состојба во глобални рамки ја спореди со онаа од времето на Студената војна.
– Русија ќе ја изгуби оваа трка во вооружување, исто како и Советскиот Сојуз пред 40 години, рече Туск.
Во врска со предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за „нуклеарно одвраќање“, Туск оцени дека таа идеја „вреди да се разгледа“, но дека би требало да биде дел од пошироката активност за координирање на европските одбранбени напори
Ново на Сител
-

Еден загинат, 16 повредени во инцидент на Парадата на гордоста во Берлин
-

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежните активности на клучката „Момин Поток“
-

Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес
-

Сончево и ветровито
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
