Турско МНР: Турција преговара со САД за ракетни системи Патриот
Турција преговара со САД за ракетни системи Патриот, а следната недела претставник на турското Министерство за надворешни работи можно е да замине во Вашингтон на разговори со американската страна за Манбиџ, Сирија. Тоа денеска го изјави портпаролот на турското МНР Хами Аксој.
Според него, Турција продолжува да води преговори и со француско-италијанскиот конзорциум Еуросам за купување на ракетни одбранбени системи.
Во јануари Турција и претстави на Еуросам 18-месечен договор за развој и производство на ПВО и ПРО системи со широк спектар на дејствување - чекор напред кон соработка во областа на одбраната со Франција и Италија.
Во декември минатата година Турција и Русија потпишаа договор, со кој Москва се обврза да ја снабди Анкара со ракетни системи земја-воздух С-400, финализирајќи зделка за продлабочување на воените врски меѓу членка на НАТО, Турција и Кремљ.
Ново на Сител
-
Уште едно лице побарало медицинска помош
-
Тошковски: Ја засилуваме превенцијата
-
Презентирано решението за новата Универзална сала
-
Туристите од Турција повторно најбројни
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Никола Димитров, екс министер за надворешни работи
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла