Балкан
12. October 2016 - 11:10

Турските војници ќе останат во Башика се додека ИД не го напушти Мосул

Турските војници ќе останат во воениот камп Башика во северен Ирак, се додека борците на Исламската држава (ИД) не бидат протерани од градот Мосул, кој се наоѓа во близина, изјави во интервју за агенцијата Анадолија, турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш. 

Во интервјуто, кое беше емитувано во живо од државната телевизија ТРТ Хабер, Куртумлуш истакна дека Турција би учествувала во операцијата за протерување на џихадистите од Мосул, само доколку не учествува единиците на сириските Курди од Силите за заштита на народот.