Турските власти во Мармарис трагаат по 18 тона злато кое му припаѓа на Ѓулен

Во Мармарис, турските власти трагаат по 18 тони злато, за кое се претпоставува дека може да е закопано пред локалниот хотел, поврзан со заедницата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, пишува „Дејли сабах“.
Хотелот „Ангелски полуостров“ е меѓу ретките хотели во регионот за Халал туризам, чии сопственици, наводно, се поврзани со терористочката организација на Ѓулен (ФЕТО), а за управување со бизнисот се поставени синдици.
Се смета дека во просторот пред хотелот може да се закопани 18 тони злато, пренесува БТА.
Во потврдата на гласините се потсетува дека Акин Ипек, сопственикот на холдингот „Коза-Ипек“, кој исто така е поврзан со Ѓулен, поседува златни прачки, а златото можеби е закопано за да не биде конфискувано од државата.
За да се проверат тврдењата, властите започнаа со ископување.
При засилени мерки за безбедност екипа на Турското јаглено претпријатие копаат во реонот, кој е отцепен.
Властите не потврдија дека во просторот пред хотелот, всушност се бара злато.
Акин Ипек, познатиот бранител на движењето на Ѓулен, е обвинет дека ја финансирал ФЕТО со огромна сума.
Минатата година, турските власти издадоа потерница за Ипек, но тој успеа да избега во странство, пред да биде фатен.
Ново на Сител
-

Рибочуварка на Тиквешко Езеро пријавила физички напад од сопружници
-

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари
-

Приведен 28-годишен струмичанец кој бил баран по потерница за извршена тешка кражба
-

Јапонија ја повика Кина да преземе „соодветни мерки“
-

Кари повтори рекорд на Џордан
-

Обвинение против неготинец за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем
-

Младински хор од Солун ќе одржи концерт во Скопје – приредува мало изненадување за деца од Кочани
-

Захарова: Ако нѐ нападне НАТО, Русија ќе одговори со сите расположливи средства
