Балкан
12. September 2016 - 12:22

Турските власти ја обвинуваат ПКК за денешната експлозија во Ван, при што се повредени 19 лица

Курдските бунтовници се одговорни за нападот со автомобил бомба, извршен денеска во округот Ван, југоисточна Турција, соопштија безбедносни извори, пренесува БТА.

Според податоците од локалниот окружен управител, 19 лица се повредени во експлозијата. Двајца од повредените се полицајци.
Нема убиени во нападот, за кој според изворите од безбедноста е одговорна Курдската работничка партија (ПКК).

Цел на нападот беше окружната централа на владејачката Партија на правдата и развојот.