Балкан
29. December 2016 - 18:53

Турските власти издале наредба за апсење на 70 полицајци за врски со ФЕТО

Турските власти издале наредби за апсење на 70 полицајци за претпоставени врски со терористичката организација на Ѓулен (ФЕТО), соопшти весникот „Хуриет дејли њуз“.

На списокот на полицајците за кои денеска е издадена наредба за апсење има такви кои биле отстранети од должноста по објавување на вонредната состојба во земјата. Се смета дека полицајците ја користеле мобилната апликација Бајлок (Bylock). Се тврди дека апликацијата била користена за комуникации во ноќта, кога беше изведен обидот за преврат во Турција.

Полициските екипи денеска преземаа акции во пет округа во земјата.

Според турските власти, ФЕТО стои зад обидот за преврат во Турција на 15 јули.