Турските власти издадоа наредби за приведување на 98 лица во рамки на истрагата против т.н.ФЕТО

Турските власти денеска издадоа наредби за приведување на 98 лица во рамки на истрагата против мрежата на муслиманскиот проповедник Фетула Ѓулен, кој живее во САД, јави турската телевизија НТВ.
Полицијата презела акции во вкупно 18 окрузи.
Главното обвинителство во Акнара издало наредби за приведување на директори, професори и други службеници кои работеле во училиштата (кои неодамна биле затворени) на здружението Атлантик Егитим, поврзано со „терористичката организација“ на Ѓулен (ФЕТО).
Осомничените се обвинети за членство во т.н. ФЕТО, финансирање на групата и врбување членови за организацијата.
Се смета дека некои од осомничените ја користеле мобилната амликација Бајлок, што била користена за комуникации меѓу ѓуленистите во подготовката на превратот во Турција, во јули минатата година.
Анкара за организирање на пучот го обвини токму движењето на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен.
Ново на Сител
-

„Шанса за Центар“ бара повлекување на планот за „Барутана“ на Водно
-

За еден ден 25.000 пријави за вакцинација против сезонски грип
-

Нови закони за концесии и за јавно-приватно партнерство до крајот на годината пред пратениците
-

Во Струмица одбележам меѓународниот ден на руралната жена
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ива и татко и ќе одговараат кога тогаш
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

Нова инвестиција во Битола - нови 2.000 работни места
