Турските власти го ослободија американскиот научник од НАСА

Турција синоќа го ослободи Серкан Голге, научник од НАСА со двојно американско и турско државјанство, чие приведување пред околу три години ги влоши односите меѓу двете земји.
– Ги поздравуваме информациите за денешното ослободување на Серкан Голге од затвор, изјави портпаролката на американскиот Стејт департмент, Морган Ортегас.
-Ние ќе продолжиме одблизу да го следиме неговиот случај, додаде таа, и ја повика Турција да му дозволи на научникот да се врати дома што е можно поскоро.
Серкан Голге беше приведен во јули 2016 година за време на посетата на својата татковина, кога претседателот Реџеп Таип Ердоган затвораше наводни поддржувачи на Фетулах Ѓулен, обвинет од нив дека е одговорен за обидот за државен удар тој месец. Во февруари 2018 година, Голге беше осуден на седум години затвор под изговор за припадност во мрежата на Ѓулен, без оглед на протестите од САД.
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
