-->
-->
Турските сили убија 7.000 милитанти на ПКК за 20 месеци
-->
Турските сили за безбедност убиле над 7.000 членови на Курдската работничка партија (ПКК) откако пропадна прекинот на огнот во јули 2015 година, изјави денеска турскиот министер за одбрана Фикри Исик.
Податоците се објавени само шест дена пред референдумот за зголемување на надлежностите на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Исик изјави дека властите привеле 3.020 милитанти од ПКК, организација која Турција, ЕУ и САД ја сметаат за терористичка.
Меѓуародната кризна група која има исто така податоци за жртвите, наведува дека досега се убиени најмалку 1.133 милитанти од ПКК од јули 2015 година. Во тој период убиени се и најмалку 390 цивили, како и 897 припадници на турските сили.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК не донесе упатство
-
Њујорк или Бурса: Чаирчани ќе избираат помеѓу два архитектонски концепти
-
Дворот на УКИМ речиси празен: Без големи гужви почнаа уписите на факултетите
-
Заштеда до 2.000 денари по ученик ќе донесе Училишната кошница
-
Јавното здравство должи повеќе од 72 милиони евра – од ФЗО велат дека месечно го следат работењето на ЈЗУ
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
Мерката училишна кошница е во тек
-
Модернизација на Националниот електронски систем за документи