Турските сили и авиони на коалицијата ликвидирале 63 борци на ИД во северна Сирија
Турската артилерија и беспилотни авиони на коалицијата, предводена од САД извршиле напади врз позиции на терористичката групација Исламска држава во северна Сирија, при што се ликвидирани вкупно 63 борци на ИД, соопштија турските вооружени сили.
Армијата соопшти дека нејзините артилериски единици и дронови поразиле цели на ИД, при што убиле 34 борци од групацијата.
Нападите, кои почнаа вчера биле одговор на ракетните напади на ИД врз турскиот округ Килис.
Турските сили поразиле шест автмобили и пет позиции за извршување напади на ИД.
Турските ракети прво погодија позиции на ИД на оддалеченост од околу 12 километри јужно од границата со Сирија, а потоа четири дрона, кои полетаа од базата Инџирлик во јужна Турција, ги уништија останатите цели, нагласи војската.
Во операција на коалициските сили се убиени 29 борци на ИД.
Килис и околните подрачја на границата на двете земји се честа цел на ракетни напади на ИД изминатите месеци.
Ново на Сител
-
Teма на денот со д-р Марјан Шокаровски, Државна Кардиохирургија
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Премиерот и 6 министри седат на две столчиња
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Алармантно предупредување во скопските училишта: Постои тренд на самоповредување кај учениците
-
Уапсени 28 лица за продажба на дрога
-
Кој ги “саботира” хируршките клиники?
-
Од денеска полесно до работа во Германија