Турските паралелки во кичевската гимназија трет ден ја бојкотираат наставата
Второто полугодие во кичевската гимназија "Мирко Милески" за учениците од турска етничка припадност се уште не е започната. Тие ја бојкотираат наставата бидејќи, како што велат, не им се исполнети неколку услови.
Тие бараат таблата на називот на објектот каде што се одвива наставата "Мемет Акиф Ерсој" да биде изложена надвор, а не внатре во објектот каде што е сега, превозот на учениците да биде со понови автобуси како и да се регулира фондот на часови на професорите.
Портпаролот на општина Кичево, Емин Насуфи вели дека барањето за таблата е од техничка природа и мислам дека може да се регулира бидејќи "Мемет Акиф Ерсој" се вика само објектот. Во врска со автобусите посочува дека тие се стари, но технички исправни и оти со нив се возат и учениците Македонци и Албанци. Потеницра дека како Општина работат во првец на обнова на возниот парк.
За денеска е најавено дека дикекторката на "Мирко Милески" Милка Спасевска ќе има средба со родителите на учениците при што се очекува проблемот да биде надминат
Ново на Сител
-
Европскиот фронт најави тужби до Управниот суд и кривични пријави за членовите на ДИК
-
Без средба, само консултации за идното владино коалицирање
-
Следната недела СДСМ ја почнува постапката за избор на ново раководство
-
МЗ како портпарол на Токсикологија со обвинувања за Нико Беќаровски - професорот негира и најави тужба
-
Македонија 2025: Дијаспората сака да помогне, власта нема слух
-
Жителите на прилепско Ореовец денеска се собраа на нов протест
-
Полагање матура во холови и спортски сали, наместо во училници
-
Преглед на вестите од светот