Турските медиуми ги разоткрија: Се смирија Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал?
Турските медиуми на големо пишуваат за смирувањето на Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал, како парот неодамна е фатен заедно на јахтата на пејачот. По тој повод, се огласи атрактивната пејачка и ја објаснила ситуацијата.
Имено, фановите се понадеваа дека во прашање е смирување, со оглед на тоа дека ова не би им било прв пат да си ја обноват љубовта. Како што е познато, Емина и Мустафа еднаш раскинаа пред разводот, па се смирија, па за нив ова би била трета среќа.
- Мислам дека овојпат љубовта се изгасна, но никогаш пријателската љубов и љубовта кон нашите деца. Ние сме сега партнери кои мораат децата да ги изведат на прав пат – рекла Емина за Ексклузивно.
Меѓутоа, постои една работа која медиумите во Турција ја превидоа. Имено, голема е веројатноста дека во прашање било семејно собирање заради прославата на 10 роденден на синот Јаман, кој е роден на 8 август 2008 година.
Ново на Сител
-
Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции
-
Македонија на венециското биенале
-
Зелено претприемништво за млади
-
Преглед на вестите од светот
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Анализа: Како да се справиме со негативното влијание на интернет просторот?
-
Д-р Беќаровски: Труење со поголема количина на парацетамол предизвикува неповратно оштетување на црниот дроб