Македонија
29. јуни 2017 - 9:37

Турскиот театар Скопје со „Отело“ ќе настапи во Нови Сад

Турскиот театар од Скопје денеска со претставата „Отело“ во режија на Дејан Пројковски ќе настапи на 44. Интернационален фестивал на алтернативен и нов театар „ИНФАНТ“ што се одржува во Нови Сад.

Во претставата, актерот Џенап Самет ќе ја игра улогата на Отело, Сузан Акбелге ќе настапи во улогата на Дездемона, а Јаго ќе го игра Селпин Керим.

Кореографијата е на Олга Панго, сценограф на претставата е Татјана Христоска Блажевска, а музиката е на Горан Трајковски.