Балкан
18. July 2016 - 8:46

Турскиот проповедник Ѓулен ќе прифати екстрадација во Турција

Турскиот исламски проповедник Фетхулах Ѓулен, кого турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го обвинува за вмешаност во неуспешниот обид за државен удар, изјави синоќа дека ќе прифати евентуално решение за неговата екстрадиција од страна на американската Влада.

Тој одново ги отфрли обвиненијата дека е поврзан со државниот удар и го обвини Ердоган дека лично тој го исценирал воениот метеж. 

Турските власти веднаш по задушувањето на превратот побараа од Владата на САД, Ѓулен да биде екстрадиран во Турција.