Турскиот парламент одобри зголемување на овластувањата на Ердоган

Турскиот парламент одобри измени во Уставот, со кои е предвидено и зголемување на овластувањата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Со тоа е отворен патот за одржување на референдум, кој се очекува на пролет, а со што ќе му се овозможи на Ердоган да биде шеф на државата до 2029 година.
Парламентот ги одобри измените во Уставот со 339 гласови од вкупно 550 члена. На седницата која заврши рано изутринава, пратениците гласаа пакет измени предложени од владејачката партија на Ердоган.
Турскиот премиер Бинали Јилдирим ги поздрави резултатите од гласањето, нагласувајќи дека „сега тоа ќе му биде доверено на народот и тој ќе одлучи“.
Ердоган и неговите приврзаници тврдат дека измените ќе донесат стабилност, но критичарите сметаат дека тие му дозволуваат премногу власт на шефот на државата. Ердоган, кој раководи со Турција од 2003 година, веќе е обвинуван за зголемен авторитаризам.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
