Свет
20. July 2016 - 20:20

Турски воени авиони полетаа да запрат два брода во грчки територијални води

Турски воени авиони Ф-16 полетаа во обид да запрат два турски брода на крајбрежната стража, кои се обидуваат да стигнат до грчки територијални води, јавија западни медиуми повикувајќи се на турската агенција Доган.

Обидот на бродовите да стигнат до грчките води се случува пет дена по обидот за воен преврат во Турција.

Не е познато кои се луѓето во бродовите на крајбрежната стража.