Турски суд им одреди притвор на 60 бизнисмени обвинети за врски со Ѓулен
Турски суд денеска им одреди мерка притвор на 60 бизнисмени осомничени за поврзаност со движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого властите во Анкара го обвинуваат дека стои зад неуспешниот обид за преврат од јули минатата година.
Како што јави агенцијата Анадолија, овие 60 бизнислмени се дел од групата од 110 деловни луѓе кои денеска беа изведени пред Суд во Истанбул под обвинение за „членство во терористичка организација“.
На останатите 50 осомничени бизнисмени, Судот им одреди условни казни.
Обвинителството незадоволно од ваквата одлука најави жалба на пресудите за условни казни.
Овие 110 бизнисмени се на листата од 380 деловни луѓе од Турција по кои минатата недела беше објавена потерница под обвинение дека го финансирале движењето на Ѓулен.
Под обвинение за поврзаност со движењето на Гулен турските власти по неуспешниот обид за преврат упасија или отпуштија од работа неколку десетици илјади лица, што многу организации за човекови права го оценија како „чистка“ на неистомислениците.
Ново на Сител
-
МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми
-
Турските власти минатата година блокирале над 311.000 Интернет страници
-
Неготинскиот градоначалник пријавил заканувачки пораки
-
Сообраќајка помеѓу четири возила на патот Скопје - Велес
-
Меџити нема информации дали бил прислушуван од АНБ
-
10-годишно дете нападнато од двајца соученици, едниот од нив снимал со телефон
-
Руте: Мир ќе обезбедиме преку сила
-
Кавадарчанец пронајден починат во викендичка, телото на обдукција