Турски имам: Мажите треба да ги тепаат своите жени
Жените треба да му се благодарни на Алах за тоа што се тепани од страна на мажите, изјави турскиот имам Нусредин Јилдиз, објави турскиот весник „Хуриет“.
Муслиманскиот свештеник во телевизиски проповед, емитуван на телевизија блиска до владејачката Партија на правдата и развојот, застана во одбрана на домашното насилство.
- Мажите треба да ги тепаат своите жени. Тоа е запишано во Куранот. Ете зошто жените, кои се удрени од своите сопрузи, татковци и други роднини од машкиот пол, треба да пратат молитви за благодарност кон семоќниот и семилостивиот, затоа што им помагаат на своите мажи да се одморат, изјавил Јилдиз.
Изјавата на имамот предизвика остра реакција од страна на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
- Таквите зборови се недозволиви. Тие му наштетуваат и на нашето општество, и на нашата религија, истакна Ердоган.
И највисокиот орган за верските прашања во Турција (Дианет) го критикуваше Јилдиз.
- Ние не го браниме насилството и зборовите на Јилдиз ги извртуваат постулатите на исламот, изјави лидерерот на Дианет Али Ербаш.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Берово
-
Прегласување на седум изборачки места во петата и шестата изборна единица во среда
-
Македонските одбојкари поразени и од Чешка во Европската златна лига
-
Црвена ѕвезда ја освои АБА лигата
-
Одбележување на Денот на македонските пожарникари - 20 Мај
-
Во Мексико девет лица загинаа во два напада врз кандидати за локалните избори
-
Ирански државни медиуми: Претседателот Раиси загина во хеликоптерска несреќа
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено