Свет
15. September 2016 - 11:58

Турски хеликоптер го нарушил грчкиот воздушен простор

Хеликоптер на турската крајбрежна стража денеска летал ниско над грчкиот остров Кос во источниот дел на Егејското Море.

Според грчките власти, хеликоптерот 17 минути бил во грчкиот воздушен и летал на многу мала висина.

Инцидентот е првото поголемо нарушување на грчкиот воздушен простор по неуспешниот државен удар во Турција во јули.