-->
-->
Турски авиони повторно навлегле во грчки воздушен простор
-->
Четири турски авиони Ф-16, три авиони за поморска соработка и шест хеликоптери вчера влегле во грчкиот воздушен простор без да поднесат планови за лет, јави дописникот на МИА од Атина.
- Регистрирани се 18 повреди на правилата на летање во атинскиот водушен простор, кои се развија во 42 прекршувања на грчкиот воздушен простор во неколку делови на Егејското Море, јавуваат грчките медиуми повикувајќи се на армиски извори.
Во сите случаи, турските авиони биле пресретнати од страна на грчки борбени авиони.
Турската воздушна активност е дел од воздухопловната вежба „Бејаз Фиртина“, која се одржува во меѓународните води на Егејското Море.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Данска ја промени политиката – проширувањето на ЕУ и’ стана приоритет
-
Греко го затвори надзорот – Македонија со напредок во борба против корупцијата
-
Ахмети им даде по 3 места на Таравари и Села
-
За изградба на автопататот Кичево-Охрид ќе требаат повеќе пари
-
Електронски пари без банка, нова услуга од Иуте
-
Преглед на вестите од светот
-
Три куќи изгореа во пожар во Злокуќани, двајца пожарникари побарале лекарска помош
-
Општинските власти бараат поригорозни санкции за пироманите