Турската заедница во Македонија не ги признава резултатите од пописот
Направени се сериозни пропусти во просецот на попишување, прекршени се Уставот и бројни прописи, а многу граѓани не се попишани, истакнаа од Националното координативно тело за пописот на турскиот народ во Македонија, кое не ги признава и не ги прифаќа објавените бројки и проценти за Турците во пописот, оценувајќи ги истите како нерелани.
Посочуваат дека пред пописот укажале на несоодветната методологијата и недостатоци во процесот, као и на технички проблеми со софтверот и неинформираност на населението, но и на недостаток на попиушувачи Турци, за што биле информирани надлежните институции во земјава и странство инволвирани во пописот.
-Нашите барања беа занемарени и игнорирани. Ваквиот пристап на надлежните институции го засенија целокупниот пописен процес. Доколку беа земени предвид нашите барања и забелешки согласно Уставот и законите, првично од Државниот завод за статистика, ќе беа решени повеќе од горенаведените проблеми и пропусти. За жал овој Попис ќе се памети како занемарен од надлежните институции со многу неодговорени прашања и игнорирање на нашите барање. Од горенаведеното може да се заклучи дека се повредени правата на турскиот народ кој е еден од државнотворните народи на РСМ и еднаков со другите, велат од Националното координативно тело за пописот на турскиот народ во земјава.
Националното координативно тело за пописот на турскиот народ во Македонија, кое е составено од претставници на турски невладини организации, политички субјекти од турската заедница, истакнати турски интелектуалци, универзитетски професори и други влијателни личности од турската заедница во земјава, најави дека ќе ги искористи сите законски инструменти и демокрстски права во врска со штотуку завршениот Попис кој оваа заедница го оспорува.
Ново на Сител
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
-

Физички нападнат гинекологот Огненовиќ додека прегледувал пациенти во својата ординација
-

Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар
