Балкан
19. September 2016 - 8:35

Турската полиција приведе 40 странци поради сомневање за врски со ИД

Турската полиција приведе 40 странци во Истанбул поради врски со Исламска држава, јави Анадолија.

Полицијата изврши апсења на 23 адреси во истанбулскиот кварт Фатих. Меѓу приведените се граѓани на Авганистан, Иран, Ирак и Азербејџан.

За дел од нив, има информации дека учествувале во борби во Сирија, додава медиумот.