Турската економија може да биде оштетена за 12,2 милијарди долари поради кризата со Русија
Годишната економска штета од турско-руската криза може да изнесува од 8,5 до 12,2 милијарди долари, се наведува во извештајот на турската опозициска Републиканска народна партија (ЦХП).
Во извештајот се посочува дека турската економија годинава ќе претрпи штета од 6,5 милијарди долари, но ако се заострат санкциите сумата може да порасне на 12,2 милијарди долари.
Ако кризата не биде регулирана на среден рок ЦХП прогнозира дека Турција за четири години ќе загуби 52,5 милијарди долари.
- Во случај на прекинување на соработката меѓу Анкара и Москва во енергетската област ќе се усложни ситуацијата во Турција поради немањето на алтернатива за рускиот гас. Односно 54,8 проценти од вкупниот увоз на природен гас во Турција е од Русија, се посочува во извештајот.
Исто така се наведува дека Турција ќе претрпи и сериозни загуби од руските туристи. За една година Турција ја посетуваат 3,5 милиони руски туристи кои трошат 2,9 милијарди долари.
Односите меѓу Москва и Анкара се нарушени по соборувањето на рускиот воен авион на турско-сириската граница на 24 ноември. По инцидентот Русија воведе низа санкции кон Турција, кои првенствено се однесуваат на туризмот, енергетиката, градежништвото и земјоделството.
Ново на Сител
-
Цело Скопје е затрупано со ѓубре, неизвесно е дали утре ќе возат автобусите на ЈСП
-
Тошковски очекува безбедни, фер и демократски избори
-
Пулмолошки скрининг утре и задутре во Трубарево
-
Владата ќе субвенционира филтри за оџаци
-
Поврзаноста на парацетамолот и аутизмот не е научно заснована, реагира лекарската фела по изјавата на Трамп
-
МВР има нови осомничени за хибридни закани врз државата
-
Мицкоски по условната пресуда за Онкологија: Судиите и обвинителите не ги заслужуваат ниту овие плати
-
СДСМ бара оставка од министерката Јаневска, голем број ученици се уште немаат учебници