-->
-->
Турнир во мал фудбал „Св.Никола 2016“ во Прилеп
-->
Во рамки на одбележувањето на заштитникот и патрон на Прилеп - „Свети Никола“, по осми пат се одржува турнир во мал фудбал „Свети Никола 2016“.
Прилепската локална самоуправана денеска на прес-конференција соопшти дека турнирот почнал на 12 декември и ќе трае до 28 декември.
Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески истакна дека станува збор за еден од најголемите вакви турнири во мал фудбал кои се одржуваат во државава.
- Целокупниот награден фонд на турнирот е 300.000 денари, наменети за прво, второ, трето и освоено четврто место, рече Ристески.
Александар Најдоски, координар на турнирот од локалната самоуправа, рече дека на турнирот учествуваат 37 екипи, а натпреварите се одржуваат во спортската сала „Арена Сонце“.
- Првонаградената екипа добива 125.000 денари, второ пласираната 70.000 денари, трето пласираната 45.000 денари, а екипата која ќе го освои четвртото место ќе добие 20.000 денари, појасни Најдоски.
Посочи дека новитет годинава е тоа што ги анимирале и пионерите со цел да го збогатат турнирот.
- И за нив исто така се предвидени награди. Оваа година за ветераните организиравме и еден помал турнир на кој ќе се натпреваруваат поранешни играчи од цела Македонија и ќе ја збогатат манифестацијата. Нивната награда е 15.000 денари, и тука кој и да го освои првото место сите средства се донираат за хуманитарни цели, додаде Најдоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
80 години слободно Скопје
-
Прес конференција на опозицискиот лидер
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Средба Сиљаноска – Радев во Баку
-
Азески: Банките да пуштат пари
-
Контролирани пожари - Можат ли да помогнат со справувањето на шумските пожари
-
Модерното време штетно влијае на правилен раст и развој
-
Преглед на вестите од светот