„Туркиш Ерлајнс“ ги возобнови летовите
Авиокомпанијата „Туркиш Ерлајнс“ од попладнево ги возобнови своите редовни линии, откако синоќа ги откажа сите летови за време на ободот за воен преврат во Турција.
- Од денеска од 13 часот авионите на „Туркиш Ерлајнс“ летаат по планираниот возен ред, изјави претседателот на Управниот одбор на авиокомпанијата Илкер Ајчи за телевизијата Си-Ен-Ен Турк.
Поради, обидот за воен удар „Туркиш Ерлајнс“ од синоќа откажа 32 лета кон истанбулскиот аеродорми „Ататурк“, додека 35 беа пренасочени кон други аеродроми.
Во исто време, турските поморски власти ја укинаа забраната за сообраќај низ протокот Босфор, која беше воведена од безбедносни прични по обидот за воен преврат.
- Сообраќајот на товарните бродови се врати во нормала, соопшти шпедитерската комапнија ГАЦ.
Ново на Сител
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време