Македонија
23. October 2015 - 16:34

Туризмот станува атрактивна дисциплина за студирање поради растот на странските туристи во Македонија

14 на физика, сто на туризам. Додека на едни насоки поголем е бројот на наставен кадар отколку на студенти, туризмот по само пет години од воведувањето е најпривлечен смер на Природно математичкиот факултет. Според продеканот Никола Панов тој е една од полесните насоки на ПМФ, но тоа не е причината зошто студентите сакаат да го изучуваат.

Тонски-никола ПАнов-изучувањето на туризмот е како да читате романи, такви се книгите таква е литературата, впочем туризмнот е гранка која треба да ја знае секој човек, тука има многу географија, многу историја...

Според Панов,  туризмот во земјава е во ексапнзија, бројот на туристи се зголемува а стопанството има потреба од квалификуван кадар. Ако во 2001-та брјот на туристи бил 333 ијлади, во 2006-та 500, лани таа бројка изнесува 735 ијади. Атракција повеќе, не е само езерскиот туризам, посетите значително се зголемени во главниот град а интересот расте и за селскиот туризам.

Тонски-Панов-интересно е тоа што лани бројот на туристи во Скопје и поголем за 1 % во однос на ОХрид.  Со зголемување на бројот на  туристи се отвараат и повеќе туристички  капацитети кои имаат потреба од стручен  кадар.. 

На ПМФ,  практичната настава за туризам се одвива во 7 семестри,  а програмите се усогласени со потребите на стопанството.