Туристичката понуда на Македонија промовирана во Дубаи
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија оваа година првпат ја промовираше туристичката понуда на земјава на интернационален саем за туризам во Дубаи.
Од Агенцијата информираат дека Арабиан Травел Маркет (АТМ) е една од најголемите саемски манифестации во Азија на кој Македонија ги претстави своите природни убавини, традицијата, активностите во природа и гастрономскиот туризам.
- Од околу 30.000 бизнис посетители и 2800 егзибитори присутни на саемот, Македонија успеа да го привлече интересот на домаќините кои видоа можност за проширување на својата понуда. Потенцијалот за соработка со Дубаи се зголемува поради фактот дека Македонија е поврзана со Дубаи со директната авионска линија Флајдубаи, како и новата линија до Доха, Катар, со Катар Ервејз која почнува со работа од јули оваа година, стои во соопштението.
Со 24-годишна традиција, овој четири дневен настан е најголем организиран настан за туризам на блискиот исток досега кој успеа на едно место да собере 5 милионска публика. Според Агенцијата, саемот организиран со идеја да го одалечи фокусот од приходите генерирани од нафтата и природен гас и да се посвети на поинтензивен развој на туризмот, саемот за туризам во Дубаи претставува двигател на туристичкиот развој не само за Дубаи, туку и за сите земји од заливот.
На саемот за туризам во Дубаи на македонскиот штанд присутни се и македонските тур-оператори Фибула и Бохемија.
Ново на Сител
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата
-
Рокас бара уставни измени, власта и опозицијата подготвени за реформи
-
Македонија е подготвена за преговори со ЕУ – порака од меѓународната Паневропска унија
-
Со фалц документи тргувале со нафта на големо
-
Обвинение за членови на група за проституција и дрога, вмешан и полицаец
-
Матичните лекари бележат зголемен број на болни од грип и други респираторни инфекции