Туристичката понуда на Македонија на саем во Бремен

Контакти со тур-операторите Kaiser, Urlaub + Reisen и Auto Fischeк кои организираат тури со автобуси и средба со агенцијата Travel to Nature, специјализирана за патувања до дестинации богати со природа, оствари Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ) на саемот за туризам Reise Lust во Бремен, Германија.
Агенцијата, како што соопшти денеска, реализира средба и со тур-оператор кој веќе ја нуди Македонија како дел од кружна тура на Балканот - Ikarius Tours.
АППТ прв пат ја претставува туристичката понуда на Македонија на Reise Lust. Саемот се одржува 12-ти пат и е организиран зедно со саемот за храна Fisch & Feines и саемот за кампинг Caravan Bremen, што ја зголемува можноста за претставување на македонската храна и вино и опциите за кампување во Македонија. Како единствен од овој тип, привлече 175 излагачи и 292 ко-излагачи, а само во првите три дена го посетиле вкупно 40.000 гости.
Според Агенцијата, интересот на посетителите за време на саемот во Бремен е фокусиран кон патување со автобуси и организирани групи преку туристички агенции, како и кампување.
- Организаторите на саемот изненадени од проактивноста на Република Македонија и Агенцијата за туризам, ја вклучија македонската туристичка понуда во сите нивни јавни обраќања за време на саемот, информира АППТ.
Ново на Сител
-

Eлектрични тротинети ќе возат само полнолетни, не побрзо од 20 км/ч
-

Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-

Пратениците не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот Тошковски
-

Преглед на вестите од светот
-

По третпат интерпелација за Тошковски во Собранието
-

Бугарскиот амбасадор повикан во македонското МНР за дипломатската нота за семејството на премиерот
-

„Везилка“ почнува со работа
-

Филипче: Загрозен вториот пензиски столб, дупката во ПИОМ е 40%
