Турист од Романија пронајден и спасен во Гевгелија преку повик на 112

Романски државјанин кој имал проблем со срцето, а престојувал во Гевгелија е спасен преку единствениот број за итни случаи 112, во соработка на македонските и грчките служби.
Од Центарот за упарвување со кризи информираат дека повикот бил примен доцна синоќе и дека, најверојатно, поради близината на границата повикот првично бил примен на базна станица во Грција, по што грчката служба остварила контакт со македонската служба, а по лоцирањето на романскиот државјанин и интервенцијата на Итната медицинска помош од Гевгелија, тој бил спасен.
Овој случај на меѓугранична, односно меѓудржавна соработка ја отсликува можноста за спасување животи на граѓани од која било европска земја, ако тие се наоѓаат во земја која што е во системот на европскиот единствен број за итни случаи 112, велат од ЦУК.
Ново на Сител
-

Насилство врз жените: Сериозни системски бариери до заштита и правда
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Владата е фокусирана на постепената интеграција паралелно со реформите за рамноправно членство во Унијата
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Шестмина уапсени под сомнение за тероризам
-

ЕУ подготвува акциски планови за членство за најперспективните кандидати
-

Силјановска: Европскиот процес го губи кредибилитетот
-

Дизелот поевтинува за 4 и пол денари откако Владата ја продолжи одлуката за намалено ДДВ
