Фудбал
1. јуни 2017 - 20:52

Турците во најсилен состав на гостувањето во Скопје

 

 
Репрезентацијата на Турција со најсилен состав ќе допатува во Скопје на пријателскиот натпревар против Македонија.
 
Турскиот селектор го објави списокот на играчи со кои ќе допатува во Скопје, меѓу кои ќе бидат и сите нивни ѕвезди, вклучувајќи ги и Арда Туран (Барселона), Селчук Инан (Галатасарај), Емре Мор (Дортмунд), Емре Чолак (Депортиво), Бурак Јилмаз (Пекинг)...
 
 
Пријателскиот меч меѓу Македонија и Турција се игра на 5 јуни, со почеток од 19:45 часот. Турците ќе пристигнат во Скопје ден пред натпреварот, а вечерта ќе го имаат и единствениот официјален тренинг пред мечот.
 
Натпреварот меѓу Македонија и Турција е подготовка за нашата репрезентација за квалификацискиот меч со Шпанија закажан за 11 јуни на арената ,,Филип Втори".