Турција загрижена од сириско-руската офанзива врз сириските региони со туркменско население
Турција ги засили своите дипломатски напори за да ги заштити туркмените во северна Сирија од воздушните напади на руската армија и копнените операции на сириската армија во последните денови во близина на турско-сириската граница, информира весникот „Хуриет дејли њуз“.
Турскиот премиер Ахмет Давотуглу вчера свика советување на кое учествуваа претставници на политичкото и воено раководство на земјата, на кое се разгледаа развојот на настаните и мерките кои Турција може да ги преземе за заштита на сириските туркмени.
На советувањето учестуваа началникот на турскиот Генералштаб, генерал Хулуси Акар, министрите за надворешни и за внатрешни работи - Феридун Синирлиоглу и Селами Алток, началникот на жандармеријата, генерал Галип Менди и шефот на разузнавачката служба Хакан Фидан.
Премиерот Давутоглу по средбата изјави дека турското раководство и турските вооружени сили внимателно го следат развојот на ситуацијата со офанзивата врз регионот Бајарбуџак во Сирија, населен главно со туркмени, пишува весникот „Милиет“.
Премиерот посочи дека му дал инструкции на министерот за надворешни работи да издејствува ова прашање да се вклучи во дневниот ред на Советот за безбедност на ОН. Во врса со безбедноста на турските граници Давутоглу истакна дека на силите за безбедност им е наредено да преземат итен одговор во случај на развој во реонот на границата, што ќе претставува опасност за Турција.
Премиерот уште кажа дека се дадени неопходните инструкции за укажување хуманитарна помош за сириските туркмени. Тој посебно подвлече дека во реонот на Бајарбуџак, каде руската авијација изведува воздушни напади, нема никакви борци на терористичката група ДАЕШ (арапскиот акроним за Исламска држава).
Рускиот амбасадор во Анкара во петокот беше повикан во турското Министерство за надворешни работи во врска со воздушните напади на Русија врз туркменските села во Сирија. Портпаролот на турското МВР, Танжу Билгич, посочи дека турската страна на амабасадорот му соопштила дека руските дејствија во Сирија „не се борба против тероризмот, туку бомбардирање на села на цивили туркмени“.
Анкара од рускиот амбасадор побарала оваа операција час поскоро да биде прекината.
Шефот на турската дипломатија, Феридун Синирлиоглу, во саботата телефонски разговарал со американскиот државен секретар, Џон Кери, во врска со нападите врз сириските туркмени и испратил писмо до претседателството на Советот за безбедност на ОН со барање ова прашање во најскоро време да биде вклучено во дневниот ред на Советот за безбедност.
Приближно 1.500 туркмени минале од Сирија во Турција за да ги избегнат борбите во северозападниот дел на земјата, изјави вчера Ерџан Топаџа, валијата на турскиот округ Хатај, што се граничи со Сирија.
Ново на Сител
-
До крајот на денов променливо облачно со сончеви периоди, од среда дожд
-
Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева денеска поднесе неотповиклива оставка
-
Санкции за 212 непрописно паркирани возила минатата недела во Центар
-
Претрес во Карпош, уапсен 18-годишен дилер
-
ЦУК: Гостите од хотелот „Радика“ во Маврово извлечени со помош на специјално возило
-
Уапсени две лица кои ограбиле автомобил во Карпош
-
Вонреден инспекциски надзор во ОУ „7 Март“ во Челопек
-
„Внимавајте“, Народна банка со предупредување до граѓаните