Балкан
5. November 2016 - 12:27

Турција уапси уште девет претставници на прокурдската Демократска партија на народите

Турските власти уапсија уште девет претставници на главната опозициска прокурдска Демократска партија на народите, еден ден откако беа приведени лидерите на оваа партија.

Меѓу деветмината уапсени се наоѓаат окружни и обласни раководители на партијата во округот Адана.

Полицијата во Турција вчера приведе 12 пратеника на Демокартската партија на народите, меѓу кои и двајцата потпретседатели Селахатин Демирташ и Фиген Јуксекдаг, откако одбиле да се јават во обвинителството и да дадат изјава.

Властите во земјата ја обвинуваат прокурдската партија за пропаганда на тероризам и поврзаност со забранетата Курдска работничка партија (ПКК). 

Ново на Сител