-->
-->
Турција собори руски Су- 24: Џихадисти објавија снимки од фаќањето на двајцата пилоти, еден е убиен
-->

Двајца руски пилоти кои денеска беа соборени на сириско - турската граница биле фатени од џихадисти кои снимката од фаќањето ја објавиле на социјалните мрежи.
Според најновите информации, пилотите на Сухоите биле фатени од страна на Туркмени кои се борат во редовите на џихадистите. Судбината на пилотите се уште не е позната, како и точната група која ги фатила.
Руското министерство за одбрана соопшти дека во потрага на пилотите тргнале и руските борбени хеликоптери од аеродромот во Латакија.
Сепак само час - два после соборување на авионот, на социјалните мрежи се појавија фотографии од наводно убиенот руски пилот чиј авион беше мета на турските ловци.
Авионот бил соборен на височина од 6000 метри, инаку ова се случува прв пат од постоењето на НАТО пактот, еден од членовите да собори руски борбен авион.
За потсетување, утрово два туски ловци F 16 соборија руски борбен авион Су - 24 кој според тврдењата на турските власти провалил во турски воздушен простор и одбил да го напушти и по 10 предупредувања.
Авионот после соборувањето паднал на територија на Сирија, а двајцата пилоти катапултираа.
Официјална Москва го потври соборувањето на авионот, но негираше дека авионот го нарушил турскиот воздушен простор.
- Штотуку се сретнав со министерот за надворешни работи на Турција, Феридун Синирлиоглу да разговараме за воената акција на Руската Федерација во и околу Сирија.Тема на разговор била и неприфатливо кршење на турскиот воздушен простор од страна на рускиот борбен авион, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Рускиот авион Су - 24, кој денес беше соборен на границата меѓи Сирија и Турција, бил еден од 12те авиони од тој тип кои Русија ги користи од почетокот на воздушната интервенција против Исламската држава и сириските бунтовници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поскапуваат горивата
-
Пожар во угостителски објект во Лисиче, сопственикот пренесен во болница
-
Ограбена аптека на Бит Пазар, крадецот се заканувал со нож кон вработената
-
Ивановски: Чест е да се игра пред домашна публика
-
Кремљ: Путин и Трамп телефонски ќе разговараат во 17 часот по московско време
-
На ГП „Блато“ лишен од слобода албански државјанин, поседувал куршуми
-
Затворите се пренатрупани, во функција се ставаат електронски алки за издржување куќен затвор
-
Искршени сликите на петмината трагично загинати штипјани во Кочани | ФОТО