Турција сака нормализирање на односите со Египет
Турскиот премиер Бинали Јилдирим нагласи дека е потребно нормализирање на односите со Египет кои се влошија откако армијата го собори од власт во 2013 година претседателот исламисти Мохамед Морси.
– Ние имаме заеднички вредности со египетскиот народ – вера, култура, заеднички регион. Неопходно е да ги нормализираме односите со Египет и за нас и за нив бидејќи не може да се продолжи вака, изјави синоќа турскиот премиер.
Тој додаде дека сега „сите ќе имаат корист од нормализирање на односите“.
Односите меѓу Турција и Египет се влошија по соборувањето на Морси од власт. Анкара го осуди обидот за преврат и насилствата за преземање на власта од страна на армијата во Каиро. Од своја страна, Египет го оквалификува тоа како неприфатливо мешање во внатрешните односи.
Во ноември 2013 година Египет го отповика својот амбасадор од Анкара и го прогласи турскиот колега во Каиро за персона-нон-грата. Оттогаш дипломатските односи им се на ниво на вршител на должност.
Ново на Сител
-
Врховниот судија Георгиев и членот на совет на обвинители Мемети осомничени за поткуп - Георгиев фатен на дело
-
Љупчо Палевски Палчо пред судија на претходна постапка за мерката притвор
-
Тема на денот со Миле Маркоски декан на ФЗНХ
-
Приватните специјализанти уште еднаш потсетија за нивните барања за поголеми плати и осигурување
-
Врховниот судија Георгиев и членот на совет на обвинители Мемети осомничени за поткуп - Георгиев фатен на дело
-
Љупчо Палевски Палчо пред судија на претходна постапка за мерката притвор
-
Изборен молк - Утре ќе се прегласува во 5 и 6 ИЕ за два пратеника
-
ССМ пресмета: Месечно потребни се над 1,000 евра за да се преживее