Балкан
20. October 2015 - 21:35

Турција прифаќа политичка транзиција во Сирија и повлекување на Асад

Турција е подготвена да прифати политичка транзиција во Сирија, при што претседателот Башар ал Асад симболично ќе остане на власт шест месеци, а потоа ќе се повлече, изјавија денеска неименувани двајца турски претставници.

- Се работи на планот за повлекување на Асад. Тој може да остане шест месеци и ние го прифаќаме тоа, бидејќи ќе има гаранции за негово повлекување, истакна еден од неименуваните извори.

Тој посочи дека дека има напредок за тоа прашање со САД и другите сојузници.

- Нема јасен консензус за тоа кога ќе почне шестмесечниот период, но ние сметаме дека тоа нема да биде на долг рок, посочи неименуваниот извор.