Турција предупредува на можно бегство на приврзаниците на Фетулах Ѓулен

Турските власти денеска испратија известување до граничните премини и аеродроми со предупредување дека истакнати припадници на Движењето Хизмет на исламистичкиот проповедник Фетулах Ѓулен, меѓу кои има и новинари, сакаат да ја напуштат земјата по обидот за воен удар.
Анадолија јави дека турските власти откриле листа со имиња на команданти и нивни заменици, кои би биле надлежни за време на вонредната состојба, ако пучот успеше.
Во меѓувреме, шефот на турската дипломатија Мавлут Чавушоглу побара од Грција да го екстрадира екипажот на турскиот воен хеликоптер, што слета во Александрополис, северна Грција.
- Побаравме итна екстрадиција на осум војници предавници, кои со хеликоптер побегнаа во Грција, истакна Чавушоглу.
Грчкото Министерство за надворешни работи соопшти дека турски воен хеликоптер слета во Александруполис, а членовите на екишажот побара политички азил.
Во хеликоптерот имало осум лица, кои веднаш по слетувањето се уапсени и побарале политички азил.
Грчките медиуми објавија дека приведените се вмешани во обидот за воен удар во Турција.
Ново на Сител
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
-

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
