Балкан
22. јуни 2016 - 15:05

Турција: Под истрага се 300 луѓе поради наводно ширење терористичка пропаганда и навреда на Ердоган

Во Турција се води истрага против 300 луѓе поради наводно ширење терористичка пропаганда и навреда на сметка на претседателот на државата на социјалнимрежи, објавија турски медиуми.

Осомничените, во Турција и во странство, распространувале пропаганден материјал на Работничката партија на Курдистан (ПКК) и исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, противник на Ердоган кој живее во САД, како и за навредливи пораки на сметка на претседателот.

Според западни медиуми, во претходна слична истрага биле уапсени 34 луѓе.