Турција побара од Албанија да го отстрани турското знаме од неовластените училишта

Турција побара од албанската Влада на турските училишта во Албанија, што работат неовластено, да не се вее турско знаме и или да стои турско лого.
Официјалното писмено барање пристигнало до Министерствата за надворешни работи и за образование со напомена „веднаш да се превземат потрените мерки“.
-Станува збор за писмен допис во кој се наведува загриженоста на турската амбасада околу употребата на турското знаме на овие институции. Со право, амбасадата бара да не се злоупотребува знамето, бидејќи единствено турската држава е овластена за начинот на употреба на националните симполи, тиранската телевизија Топ чанел изјави Пларент Ндреца, генерален секретар во албанското Министертво за образование.
Според Ндреца образовните институции треба да ги почитуваат критериумите за лиценцирање и ова барање на турската амбасада.
-Во соработка со Министерството за надворешни работи денеска упативме барање до лиценцирани институции од страна на Министерството за образование строго да ги почитуваат критериумите за употрбата на логоата и симболите што се усвоени со актот за лиценца, нагласува Нреца.
Топ чанел наведува дека турските образовни институции се познати по високиот квалитет на наставата за учениците во нив.
Инаку, Турција претходно од албанските власти побара затворање на институциите поврзани со движењето на Фетулах Ѓулен „Хизмет“,вклучително и образовни институции.
Ново на Сител
-

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови
-

Истражување: Честото пиење алкохол носи поголеми опасности од мозочните удари
-

Бројот на жртви од Домот за стари лица во Тузла се искачи на 13, истрагата откри сериозни пропусти
-

Царинска управа: Запленето злато, 37.500 евра, „Ејпл“ уреди, тутунски производи и парфеми | ФОТО
-

Претрес во Гевгелија, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице
-

Тракторист загина во несреќа во кавадаречко
-

Спасовски: Резултатот на СДСМ е дно
-

Трамп и Орбан ќе се сретнат во Белата куќа, руската нафта и билатералната соработка меѓу темите
