Турција објави крај на операциите против ПКК во два погранични реони

Турските безбедносни сили синоќа објавија крај на воените операции против припадниците на Курдската работничка партија (ПКК) во реоните на градовите Нусајбин, близу границата со Сирија, и Шарнак, крај турско-ирачката граница, јави агенцијата Анадолија,
Овие два реони, во кој мнозинството на жителите се Курди, изминатава година беа зафатени со најжестоки судири меѓу турските безбедносни сили и борците на ПКК во последниве две децении.
Судирите избувнаа во јули минатата година откако ПКК објави крај на двегодишниот прекин на огнот, по што кон средината на март турската армија ја започна обемната операција, чиј крај беше објавен синоќа,
Според податоците на турските сили, за време на операцијата во реонот на Нусајбин биле убиени 496 припадници на ПКК, додека на подрачјето на Шарнак животите ги загубиле 498 курдски борци.
Во исто време, загинале и 50 турски војници.
Во текот на операцијата во последниве три месеци, турските сили урна стотици барикади и ровови на курдските борци, а тврдат и дека отстраниле близу 2.800 поставени експлозивни направи
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација (ЗНАМ)
-

Мицкоски за Рамадани: Себичен потег кој им штети на другите кандидати на ВРЕДИ
-

Активности на кандидатите за градоначалници
-

Дождот ја стопираше акцијата за собирање смет во главниот град - улиците под вода
-

Од утре 11 нови директни авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром
-

Депонии на секој чекор
-

Наколната населба во Дојран била изградена од повеќе мали платформи поврзани со мостови
-

Неопходно е носење на закон за заштита на Охридското Езеро
