Турција нуди награда од 14 милиони долари за апсење на 23 припадници на ИД
Турција вети 14 милиони долари награда за информации за 23 борци на Исламска држава, објави „Хуриет дејли њуз“.
Министерството за внатрешни работи на Турција ја актуелизира листата со имиња на барани терористи од ИД. Владата предвидува награди со вкупна вредност од над 42 милиони лири (повеќе од 14 милиони долари) за информација која може да помогне во апсење на терористите.
Листата е поделена на пет категории со различни бои - црвена (каде се вклучени најопасните терористи), сина, зелена, портокалова и сива.
Терористите Илхами Бал, Мустафа Докумаџ и Јонус Дурмаз се во црвениот дел од списокот. За информациија за секој од нив предвидена е награда од четири милиони лири.
Се смета дека Бал е емир на ИД во југоисточниот турски округ Газиантеп, а Докумаџ е лидер на екстремистичката група Докумаџлар формирана во југоисточниот турски град Адјаман за врбување на доброволци за ИД. Групата има извршено самоубиствени бомбашки напади.
За третиот терорист Дурмаз се претпоставува дека подготвувал терористички напад сличен на нападот во Истанбул од 19 март, при што загинаа пет лица.
За другите 20 терористи турската Влада предвидува награди до 1,5 милиони лири. На списокот има и пет жени, од кои две се од странство.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
Иницијативата за протоколот со Бугарија пред уставните судии по летните одмори
-
Османи: Автономијата во одлучувањето е духот на Охридскиот договор