Турција нема да купува нафта од ирачки Курдистан
Турција најави дека ќе склучува договори за трговија со нафта само со официјалната Влада на Ирак, а не и со властите на ирачкиот регион Курдистан, каде во понеделникот се одржа референдум за независност.
Со овој чекор, што го најави турскиот премиер Бинали Јилдирим, се врши дополнителен притисок врз курдскиот регион да се спречи неговото осамостојување. Јилдирим разговараше по телефон со ирачкиот премиер Хајдер ал Абади да ги усогласат своите ставови во врска со курдскиот референдум.
Во ирачки Курдистан се наоѓаат некои од најголемите нафтени полиња во Ирак, но распределбата на приходите од продажбата на нафтата е прашање на централните власти во Багдад, кои не сакаат да се откажат од овој извор на приходи. Владата на Ал Абади се закани дека од утре ќе воведе и забрана за летови до и од двата меѓународни аеродрома во Курдистан - во Ербил и Сулејманија.
Ново на Сител
-
A1 со нови услуги за клиентите го прославува 6 роденден
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за депонијата во Вардариште
-
30 дена притвор за три лица за палењето на Вардариште
-
За Кочани се уште нема кандидат за градоначалник
-
90 години Хидробиолошки завод - Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Алиу: Осум досиеја на пациенти стигнаа до интерната комисија
-
Преглед на вестите од светот