Турција: Најмалку 21 загинат и над илјада повредени во земјотресот
Дирекцијата за управување со вонредни ситуации (АФАД) соопшти дека епицентарот на потресот е регистиран во местото Сивриџе, недалеку од градот Елазиг.
Земјотресот се почувствува и во околните градови Адана, Хатај и Османие, дури на подрачјето на северните делови на Сирија и Ирак.
Од АФАД исто така е потврдено дека по овој земјотрес се регистрирани уште 60 дополнителни потреси со послаб интензитет, меѓу кои осум посилни со интензитет од 4.0 по Рихтер.
Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, порача дека сите надлежни институции и служби ги преземаат сите потребни мерки по земјотресот кој вечерва ги погоди источните делови на Турција.
Ердоган во пораката на Твитер наведе дека сите турски ресорни институции работат со цел заштита на животот на луѓето и минимизирање на загубитe.
„Министрите за урбанизам и животна средина, внатрешни работи и здравство се во подрачјето погодено од земјотресот. Сакам да се знае дека како претседател на државата внимателно ја следам ситуацијата и работата на терен. Сите институции, со АФАД и Црвената полумесечина на чело, се покрај нашиот народ“, порача Ердоган, и им оддаде почит на жртвите.
Ново на Сител
-
Дел од Карпош без вода, намален притисок во Трнодол, Жданец и Нерези
-
Мицкоски на увид на градежни активности на автопатот Кичево - Охрид
-
Се уште активен пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
САД привремено укинуваат некои санкции кон Русија пред состанокот во Алјаска
-
Зеленски ќе се сретне со Стармер
-
ЦУК: Активни два пожара, три под контрола
-
На ГП „Табановце“ се чека околу 15 минути, на останатите премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-
Вучиќ: Нема да има граѓанска војна во Србија