Турција ќе гради осум полски болници во близина на Газа
Брод со генератори, амбулантни возила и други медицински средства од Турција денеска пристигна на пристаништето Ал Ариш, во близина на граничниот премин Рафа, меѓу Египет и Појасот Газа, по што турските медицински лица ќе почнат да градат осум полски болници.
Ова е прв ваков брод со хуманитарна помош што пристигнува во Египет по избивањето на војната на 7 октомври меѓу палестинската група Хамас и Израел.
Светската здравствена организација тврди дека болницата Ал-Шифа во градот Газа „повеќе не функционира како болница“, а слични извештаи пристигнуваат и од други установи, особено за недостигот на залихи и електрична енергија и за секогаш присутната опасност по животот поради борбите.
Неименуван турски здравствен претставник изјави дека египетските власти и дале зелено светло на Анкара да изгради теренски болници во Ал Ариш, што се наоѓа на околу 40 километри од границата со Рафа.
Ново на Сител
-
80 години Државен завод за статистика
-
ВРЕДИ: 400 нови пожарникари
-
Хотелите се полнат со семинари и свадби
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи