Турција ја укина еднонеделната блокада на курдскиот град Сизре
Турските власти ја укинаа блокадата на југоисточниот град Сизре, во најголем број населен со Курди, што беше во сила од минатиот петок, кога армијата и безбедносните сили ја започнаа операцијата против курдските милитанти.
Според турските медиуми, кои јавуваат за прекинување на опсадата, во текот на операцијата се регистрирани „голем број човечки жртви“ како и недостиг на храна, додека сведоци изјавиле оти имало „најмалку 20 убиени цивили“.
Во текот на блокадата, Советот на Европа побара од Турција да дозволи нивни набљудувачи да влезат во опседаниот град, но властите во Анкара тоа не го дозволиле.
Медиумите јавуваат дека биле притворени странски новинари кои се обидувале да влезат во градот.
Локалното населене се пожалило од недостиг на струја и вода за пиење, како и за проблемот со неможноста да се закопаат убиените и умрените, но властите на градот и на регионот, преку соопштение, им се заблагодариле на луѓето за „трпението“ во текот на „успешната операција против против терористичката организација“.
Блокадата против Сизре почна пред една недела, затоа што турските власти го прогласија градот како центар на активноста на Курдската работничка партија (ПКК) во кое делувеле 80 вооружени курдски професионалци, а дека други 200, главно млади луѓе, имале оружје.
Курдскиот лидер Селахатин Демитраш, меѓутоа, ја обвини Анкара дека воведената блокада на Сизре, претставува „смртна казна“ за Курдите во овој град од 100 илјади жители, во кој големо мнозинство се Курдите.
Оружениот отпор на милитантната група од ПКК, почна во 1984 година за создавање независна кирдска држава. Повеќе од 40 илјади луѓе загинаа досега во судирите меѓу турската армија и безбедносните сили со курдските милитанти.
Ново на Сител
-
Пријавен одрон на пат при удар од цистерна кај Велес, 1 841 повик на 112 во последното деноноќие
-
Студентите ги блокираа РТС и студиото во Кошутњак
-
Најмногу дожд во Прилеп и Берово, утринските температури од 6 до 12 степени
-
Трамп одбива да врати погрешно депортиран човек и покрај одлуката на Врховниот суд
-
Гувернерот на Сумската област потврди дека имало собир на воен персонал во украинскиот град Суми
-
Една жена загина, деветмина повредени во напад на украински дрон врз рускиот град Курск
-
Повеќе од 100.000 Авганистанци го напуштија Пакистан поради нов бран депортации
-
Извештајот од антикорупциската проверка на закони по трагедијата во Кочани на седница на ДКСК