Турција ја повика Русија да ги почитува нејзините граници

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу ја повика Русија да го почитува турскиот воздушен простор, изјавувајќи дека неговата земја нема „да прави никакви отстапки“ околу прашањата кои ја засегаат безбедноста на нејзините граници, пренесоа американските медиуми.
Давутоглу повторно ги критикуваше руските воздушни напади врз Сирија, подвлекувајќи дека со нив се гаѓаат цели на умерената сириска опозиција и се засилува Исламска држава.
Според турскиот премиер, само во два од вкупно 57 воздушни напади на Русија во Сирија се погодени цели на Исламска држава.
Турскиот премиер изјави дека не сака сирискиот конфликт да се претвори во криза меѓу НАТО и Русија. Тој инсистира на тоа Москва да ги уважува позициите на Турција во однос на безбедноста.
- Ние не сакаме тензии со Русија, но наше право како сосед е да очекуваме Русија да го почитува турскиот воздушен простор и границите на Турција и да ги уважува интересите на Турција во Сирија, посочи Давутоглу пред новинарите во Истанбул.
„Нема да направиме никакви отстапки во врска со безбедниста на нашите граници и безбедноста на нашиот воздушен простор“, додаде тој.
- Ако сириската опозиција биде ослабена тоа ќе го засили ДАЕШ (еден од акронимите на Исламска држава), посочи турскиот премиер. Ако борбата е против ДАЕШ, тогаш да работиме заедно, рече Давутоглу.
Но, ако тие (воздушните напади) се против умерената опозиција и се спроведуваат на начин што може да доведе до нов доток на бегалци, тогаш тоа е сериозно прашање што бара разгледување од сите земји, подвлече Давутоглу.
Руски воени авиони во текот на викендот во два случаја го нарушија турскиот воздушен простор, предизвикувајќи остри протести на сојузниците на Турција во НАТО.
Како одговор на тоа Турција во воздух крена свои ловци Ф-16 и го повика рускиот амбасадор да му врачи протест.
Ново на Сител
-

МВР: Во тек е постапката за формирање на Национален комитет за заштита на новинари
-

Зеленски: Датумот или локацијата на новата рунда мировни преговори би можеле да бидат променети
-

ССМ најавува блокади од следната недела ако не се зголемат платите
-

Со уметност, емоција и солидарност официјално беше отворена Фондацијата „Фросина Кулакова“
-

Продолжуваат врнежите, в недела снег и на пониските места
-

Трипуновски: Фармерот Никола од струмичко ќе се обесштети
-

СДСМ: Владата да најде пари за 600 евра минималец
-

МЕРМС: Рекордни приходи од концесиски надоместоци за експлоатација на минерални суровини во 2025 година
