Свет
31. August 2016 - 12:49

Турција ја обвини Германија за „културен расизам“ поради коментарите за преговорите за влез во ЕУ

Турскиот министер за ЕУ Јомер Челик изјави денеска дека коментарите на германскиот европски комесар Гинтер Етингер дека Турција веројатно нема да пристапи кон ЕУ, се додека Реџеп Таип Ердоган е претседател, претставуваат „културен расизам“, јави БТА. 

Врските меѓу Турција и ЕУ се влошени по обидот за преврат кој се случи минатиот месец. 

Турските власти започнаа чистка во институциите на приврзаниците на проповедникот Фетулах Ѓулен, за кого се смета дека стои зад превратот. 

Државите членки на ЕУ побараа од Турција да биде воздржана.

Анкара изјави дека тие не можат да ја разберат заканата, од лицата кои стојат зад обидот за преврат.