Турција испрати нови докази до САД за вмешаноста на Ѓулен во пучот
Турција до САД достави нови документи со кои се докажува поврзаноста на исламскиот проповедник Фетлух Ѓулен со обидот за преврат во земјата во јули минатата година, објави весникот „Хуриет“.
Според истиот извор, овие доказни материјали се дополнување на барањето до Вашингтон за екстрадиција на Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека е организатор на неуспешниот обид за воен удар.
Новите докази содржат изјави на Адил Јоксиз, кој е еден од првоосомничените за организирање на пучот. Според турските власти, Јоксиз неколку дена пред обидот за преврат на 15 јули 2016 година, престојувал во САД каде Ѓулен живее во доброволен егзил.
Меѓу новите документи е приложен и обвинителниот акт на Јавното обвинителство од Измир, со кој за организирање на неуспешниот преврат се товарат вкупно 270 лица, меѓу кои и Ѓулен.
Според обвинението тие се товарат за „обид за уривање на уставниот поредок, обид за попречување на функционирањето на турскиот Парламент и за членство во вооружена терористичка организација“.
Судењето на обвинетите за обидот за преврат почна денеска во Измир, во рамки на, како што оценија турските медиуми, најголемиот судски процес во историјата на Турција. Во овој процесот на Ѓулен му се суди во отсуство.
Анкара уште минатото лето побара од САД да го екстрадираат Ѓулен во Турција, но Вашингтон соопшти дека ќе ја одобри екстрадицијата доколку добие недвосмислени докази за негова поврзаност со обидот за преврат.
Ѓулен од своја страна отфрла каква и да било вмешаност или поврзаност со неуспешниот пуч.
Ново на Сител
-
Путин: Резултатот од војната во Украина треба да биде долгорочен мир и безбедност за Русија
-
Рубио: Русија подготвува документ со барања за прекин на огнот во Украина
-
Во Ватикан почна инаугуративната миса на папата Лео Четиринаесетти
-
Ресенчанец возел со 2.38 промили алкохол во крвта и без дозвола
-
Земјотрес со јачина од 3.4 степени почувствуван во Охрид и Струга
-
Претреси во Струмица и Гевгелија, пронајдена дрога, уапсени три лица
-
Најмногу дожд наврна во Скопје
-
МЕПСО: Поради нискиот транзит на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа